Сигурно ви се случило забот да почне да ве боли само што сте легнале, баш кога аптеките не работат а во домот немате ниту еден лек против болки.
Во тој случај погледајте низ кујната, сигурно имате барем една од овие намирници кои може да ви помогнат и да ја намалат болката.
Иако е исклучително болно, ладните облоги на болниот заб долгорочно ја намалуваат болката утрнувајќи го болното и отечено место околу забот.
Земете еден помал клинец, потопете го во јаболков оцет и веднаш ставете го врз болниот заб.
Држете го неколку секунди па плукнете. Повторувајте неколку пати и болката ќе ја снема.
Иако непријатно мириса, лукот може привремено да ја намали забоболката. Истолчете едно чешне лук и ставете или директно врз шуплината во забот доколку ја има или со памуче директно врз забот.
Забоболката ќе се намали доколку една супена лажица растворите во малку топла вода и со растворот правите гаргара. Исто така, солта може да ви помогне во случај на забоболка доколку мокра чепкалка за уши ја брцнете во поголема количина сол и со неа нежно го масирате местото околу воспалениот заб.