Како да се заштитите од рак?

Јапонски лекар советува

Шетајќи низ шумата барем еднаш во својот живот, секој од нас уживал во убавините на природата. Тоа е причината што некои луѓе бираат да живеат во шума или покрај неа, и зошто некои луѓе патуваат со илјадници километри за да стигнат до некоја прекрасна шума и да уживаат во нејзината убавина.

​Меѓутоа, научниците од Јапонија откриле дека традицијата која се нарекува Shinrin Yoku или „капење во шума“ и понатаму се одржува, а зошто е тоа така – причините се наоѓаат во биохемиската природа.

Имено, истражувачите утврдиле дека минувањето во шума го подобрува природниот имунитет, кој е важен за спречување на ракот како и други хронични болести.

Како тоа се случува?

Кога научниците ги тестирале луѓето пред и после двочасовна прошетка во шума, нашле дека кај сите, освен кај едно лице, 50% и повеќе Т-клетки (облик на бели крвни клетки), борци без кои телото не може да им се спротивстави на вирусна и бактериска инфекција.

Испитаниците имале низок крвен притисок, чувствувале смиреност, како и бистрина во главата.

Еве како научниците го објаснуваат овој феномен:

Шумските дрва и билки емитираат во околината „антимикробни испарливи органски соединенија од билни деривати, кои се нарекуваат фитонциди, кои им служат за одбрана од габички и бактерии.“ Габите и бактериите можат да бидат проблем за нашиот имунолошки систем а излегува дека ни дрвата не ги сакаат.

Шумските стебла се често стотици години стари, а некои прашуми имаат и илјадагодишни стебла. Дрвата и другите билки ја усовршиле заштитата, па така кога шетате низ шума, вашиот здив се соединува со овие компоненти.

Ефектот трае околу 2 месеци!

Па така, може да се каже дека, кога шетаме во шума, ние се „бањаме“ во нејзиниот природен имунитет. Ние всушност нуркаме во шумскиот „фитохемиски“ имунолошки состав.

Професорот Кинг Ли од одделот за хигиена и јавно здравје од Медицинската школа во Токио, и’ ја претстави оваа приказна на американската научна писателка Ани Лени Филипс.

Во статијата постојат прецизни информации за ефектите врз специфични хормони, вклучително и ефектите на норадреналинот и DHEA врз стресот и адипонектинот. Имено, ниското ниво на адипонектин е поврзано со дијабетесот тип 2 и дебелина.

заштитајапонскилекаррак