Како да се заштитите кога УВ индексот е 3, а што да правите кога е 10

Што е (УВ) индекс на ултравиолетово зрачење?

УВ индексот денес е составен дел на прогноза на локалните временски услови. Тоа е показател на интензитетот на штетните УВ зраци околу пладне. Индексот се движи од 0 до 11+ и е одличен водич за препорачаното ниво на заштита од сонце во текот на денот:

УВ индекс препорачана категорија за заштита од сонце

0-2 Минимално зрачење. Носете капа!

3-4 Ниско зрачење. Носете капа и нанесете средство за сончање SPF 20 +!

5-6 Умерена зрачење. Носете капа, нанесете средство за сончање SPF 20 +, останете во сенка од 11 -16 часот!

7-9 Високо зрачење. Носете капа, нанесете средство за сончање SPF 20 +, и по можност останете во затворена просторија од 11 -16 часот!

10-11 + Многу високо зрачење.  Носете капа, нанесете средство за сончање SPF 20 +, и вложете поголем напор да остане дома од 11 -16 часот!

 

заштитакапаопаснопопуларносонцеув индекс