Како да се справите со лошата миризба од потењето?

Пеколните горештини на многумина им задаваат големи главоболки. Една од најлошите работи е непријатното и неконтролирано потење. Смрдеата која знае да го пополни целиот простор и луѓето во непосредна близина е главен непријател од кој не можете лесно да се решите. Сепак, решение постои. Постојат две врсти на потење.

Првиот тип се однесува на потење, кое е предизвикано од вежбање или високи температури поради што потните жлезди се активираат и ослободуваат пот која всушност служи за ладење на телото. Вториот вид, е многу посложен и со понепријатен мирис. Поточно, станува збор за потење кое е предизвикано од стрес, страв, вознемиреност или паника. Во тој случај се активираат жлездите односно деловите на телото кои се богати со фоликули, коса или пазувите. Ова потење, има одбрамбен механизам во стресни ситуации да ги држи луѓето на страна. Се вели дека потта не е миризлива бидејќи 99 проценти е вода, во стресни ситуации често се претвора во реа благодарение на комбинација од протеини, липиди и природни бактерии.

Решение има. За почеток, секогаш имајте со себе влажни марамици или дезодоранс за да може да се освежите колку што е потребно во текот на денот. Потоа, кога сте дома, наполнете ја бањата и измијте се со антибактериски сапун. Исто така, имајте во предвид каква облека носите. Избегнувајте синтетика и други вештачки материјали. Носете памук. И ако ве очекува долг и работен ден, носете нешто темно, бидејќи тогаш дамките од пот нема да бидат видливи.

бањаводадезодорансмиризбамишкипоттуширање