Со претераното седење се зголемува ризикот од болести на срцето, дијабетес, проблеми со циркулацијата и бубрезите и болка во долниот дел на грбот.
Еве како за само две минути да се ослободите од болките во грбот.
Истражување докажало дека со 2-минутно шетање можете значително да го подобрите здравјето, за време на работењето и долготрајното седење. Значи 2-минутна прошетка или качување по скали ќе ја подобри работата на срцето и мускулите.
Со ова вежбање ќе исчезне болката во долниот дел на грбот, кој ја погодува секоја личност што седи долго време.
За таа намена паркирајте го автомобилот малку подалеку за да пешачите, прошетајте се до кај колегите наместо да им се јавувате и стоете што повеќе можете.