Ореви
Џвакајте неколку сурови ореви. Соединенијата во оревите се поврзуваат со оние кои формираат луков здив и се неутрализираат меѓусебно. Многу поефикасно е од мастика за џвакање, што само го прикрива луковиот мирис, но не го блокира.
Ментол листови
Суровите ментол ливчињата се исто така добар начин да се справите со лукот во здивот. Добра работа вршат исто свежите листови зелена салата, босилек или напивка од зелен чај. Тие ја намалуваат значително концентрацијата на луковите соединенија во дигестивниот тракт.
Jаболка
Истражувањата покажуваат дека јаболковатат кора го намалува мирисот на лук во рок од половина час по консумацијата. Ако јадете лук на ручек, имајте на ум едно јаболко за десерт. За најдобар ефект каснете истовремено комбинација од едно јаболко и неколку листови нане или марула.
Спанаќ
Полифенолите во спанаќот, помешани со луковите остатоци во усната шуплина и желудникот прават чуда. Тие се поврзуваат со сулфурни соединенија на алицина (активна состојка во лукот) и го запираат луковиот здив.
Mагдонос
Магдоносот е многу ароматична билки, која исто така е богата со фенолни соединенија. Џвакајте неколку ливчиња свеж магдонос откако сте каснале лук. Можете да ги консумирате и истовремено. Така навреме ќе го неутрализирате мирисот на лук.