Како да се ослободите од кандидата?

Изборете се со помош на храната

Исхраната, покрај препишаната терапија, игра значајна улога во лечењето на кандидата.

Потребно е да се држите неколку недели на режимот на исхрана против кандида, или пак ако има потреба може и подолго. Најважно е да се исфрлат рафинираните шеќери, кои габичките ги користат како подлога за брзо размножување.

Недозволена храна:

Шеќер во сите можни облици, вклучително и обичен бел, кафеав, мед, како и производи со сахароза, фруктоза, глукоза, малтоза, сорбитол, кои ги има во колачите, чоколадите, џемовите… Истото важи и за овошјето и овошните сокови.

Исто така, исфрлете го внесот на квасец преку пекарските производи или суплементи. Не ви е потребен ниту оцетот, кој освен во својата обична форма, го има во туршијата, кечапот, сосовите од продавница и т.н.

Треба да ги исфрлите и печурките, кикириките, ф’стаците, кафето и чајот, старите зрели сирења и месните преработки.

Дозволена храна во ограничени количини:

Млечните производи внесувајте ги во ограничени количини, по можност само во форма на јогурт и кисело млеко. Избегнувајте ги сите сирења, освен оние со низок процент на лактоза.

Дозволена храна:

Смеете да јадете интегрални житарици, зелен зеленчук, алги, пуканки, тофу, риба, мали количини маслиново масло, зелка, краставици, мешунки, природни сокови од зеленчук… Од овошје дозволен е само лимон, а од месо пилешко, дивеч и риба.

кандидаослободитехрана