Маслото од чајно дрво ублажува многубројни кожни проблеми, и меѓу останатото помага и за намалување на првутот.
Имено, едно четиринеделно истражување покажало дека кај испитаниците кои користеле шампон со масло од чајно дрво се намалил првутот за дури 40 проценти, и значително се намалиле симпотомите како чешањето и мастењето на кожата на главата.
Доколку имате проблем со првутот, можете во шампонот да додадете неколку капки масло од чајно дрво.
Во количината на шампон што ја користите за едно миење, додадете две капки масло од чајно дрво, нормално намачкајте ја косата и оставете да отстои 30 секунди, а потоа убаво исплакнете ја.