Алкохолот го успорува централниот нервен систем, што резултира со пријатно чувство на релаксација. Меѓутоа, ако се консумира повеќе од една чаша алкохол на час, последиците се – тешкотии при зборување и чувство на нерамнотежа. Некои видови на алкохолни пијалоци, како што се црвено вино, содржат големи дози на токсични супстанции кои можат да предизвикаат главоболка.
Како да се намали штетата? Пиење на две до три чаши алкохол во текот на денот. При пиење алкохол да се консумира голема количина на храна, бидејќи ја успорува апсорпцијата на алкохол. По секој алкохолен пијалок е добро да се пие чаша вода и половина литар вода пред спиење. Следниот ден, телото да се хидрира со вода и растителни чаеви.