Постојат луѓе кои никогаш не се разболуваат и сигурно се прашувате која е нивната тајна. Не станува збор за поседување на супермоќ, туку, тајната се крие во секојдневните навики кои им помагаат да си го сочуваат здравјето и да се изборат со вирусите во текот на целата година.
1.Добро наспијте се
Истражувањата покажаа дека лицата кои спијат осум часа, имаат дури трипати помали шанси да се разболат во однос на луѓето кои спијат помалку од седум часа на ден. Во текот на сонот, телото се одмора и го регулира нивото на хормонот на стресот, кој може организмот да го направи подложен на настинки.
2.Јадете разновидна и избалансирана храна
На организмот му се потребни корисни материи и антиоксиданти за да може полесно да се избори со бактериите и вирусите. Консумирајте: сладок компир (бета каротен), цитруси и пиперки (витамин Ц), бадеми (витамин Е), црно грозје и вино (ресерватол), колку можете повеќе свеж зеленчук и овошје.
3.Поттикнете ја работата на цревата
Секојдневно во своето тело внесувате мноштво бактерии од надворешната околина, а некои од нив можат сериозно да го загрозат вашето здравје. Затоа е потребно да се консумираат пробиотици кои содржат добри бактерии кои ќе ви помогнат во текот на сезонски грип и настинки.
4.Мијте ги рацете во клучни моменти
Не мора да ги миете рацете на секои пет минути, туку, во одредени моменти- ова е од клучно значење: пред јадење, пред и по приготвување на јадењата, после одење во тоалет, после кашлање или кивање.
5.Гушкајте се
Луѓето кои имаат поголема поддршка од драгите луѓе полесно се изборуваат со проблемите со кои се соочуваат и имаат помала веројатност дека ќе се разболат иако се изложени на вируси, бидејќи е докажано дека гушкањето го подобрува имунитетот.
6.Опуштете се
Лесните вежби за опуштање (јога) и вежбите за дишење можат да го подобрат имунитетот на организмот и на тој начин да се намали нивото на хормоните на стресот, одговорни за бројни здравствени проблеми.