Откако сте успеале да се ослободите од навиката наречена пушење, останува да ја подобрите здравствената состојба и да ги надоместите витамините и минералите изгубени со пушењето.
Еве неколку продукти што ќе го исчистат телото од никотинот и ќе надоместат некои елементи во вашиот организам.
Спанаќ
. Фолната киселина е многу важна за нормална работа и развој на телото и исто така помага при чистење на организмот од наталожениот никотин. Во спанаќот се наоѓаат големи количини на фолна киселина.
Брокула, карфиол и зелка
. Овие зеленчуци се исклучително здрави. Освен што содржат полифеноли кои се корисни за намалување на воспаленија во дигестивниот систем, исто така содржат и антиоксиданси кои го чистат организмот од разни токсини. Варете ги што е можно пократко за да се зачуваат сите корисни елементи.
Морков
. Никотинот ја уништува кожата, ја прави безживотна и сува. Ако сакате да го решите овој проблем создаден од пушењето, јадете повеќе моркови. Морковот содржи големи количини на витамини А, К, С и В кои претставуваат главни чистачи на телото.
Киви, лимон и портокал
. Освен вода, пушењето го празни телото и од витамин С, А и Е, витамини што го јакнат имунитетот и помагаат организмот да се бори со разни инфекции и бактерии. За да ги надополните, јадете повеќе киви, портокал и сокови од цеден лимон.