Кои се знаците дека е време да го зголемите внесот на јаглехидрати и да престанете да ги избегнувате?
Замор
Недостатокот на енергија и лесен замор е сигнал дека телото ви доживува силен недостаток на јаглехидрати. За да ги наполните на најбрз начин батериите, каснете едно јаболко или банана.
Главоболка
Кога вашето тело гори повеќе масти, за да создаде енергија потребни за секојдневните процеси во организмот, тоа формира молекули наречени кетони. Во принцип кетоните се одделуваат од телото преку урината, заедно со солите.
При дефицит на јаглехидрати во организмот отцепувањето на кетони може да предизвика дехидрација, која од своја страна предизвикува чести и тешки главоболки.
Настинки
Јагленохидратите помагаат за создавање на антитела против различни патогени. Затоа, ако земате помалку од овие хранливи материи, имунолошкиот систем ќе биде послаб и ќе сте подложни на настинки и вируси.