Што можете да направите ако додека се лакирате четката од лак ви падне врз масата, подот или на вашата омилена облека?
Одстранување на лак за нокти од дрвени површини
Првото и најважно правило е да не користите одстранувач на лак за нокти. Тој само ќе ги влоши работите. За да одстраните лак од дрво, најдобро се да го напрскате со лак за коса и да го оставите да дејствува 20 секунди. Потоа почнете да ја триете дамката со крпа. Можеби ќе биде потребно да ја повторите процедурата неколку пати, додека дамката не исчезне целосно.
Отстранување на лак за нокти од тепих
За светлите теписи може да користите одстранувач на лак за нокти, но без алкохол. Доколку тепихот ви е во боја и стравувате дека ќе се бојадиса, ставете врз дамката алкохол или пак лак за коса и тријте со сунѓер.