Општо познат факт е дека после добар секс блескаме, и тоа буквално. Тоа е природен сјај кој тешко може да се објасни со зборови, но еден поглед е доволен за да се забележи таква личност и сите колеги и пријатели знаат што се случило синоќа.
Тоа не е ни малку случајно, затоа што најновото истражување објавено во списанието „Psychological Science“ покажало дека по добар секс сјајот трае 48 часа. Покрај добриот секс, овој израз на лицето сведочи и на општото ниво на среќа во врската.
Научниците потврдиле и дека може да сјаат луѓето кои се во врска а немаат секс секој ден, но имаат исполнета врска и искрено се сакаат.