Зимата е сезона кога малку – малку па поткашлуваме, но за среќа, не мора секогаш да земате лекови – сирупот кој ќе го излечи кашлањето може да се направи дома.
Потребно ви е:
Два лимони
200 грама шеќер
Две лажици жалфија
Две лажици анасон
Две лажици корен од бел слез
Две лажички ленено семе
Прво измијте го добро и исечете го на коцки лимонот, потоа додадете ги останатите состојки и ставете ги сите во два децилитри вода, а потоа варете 20 минути.
Потоа исцадете ги – по можност преку газа, но можете и преку цедалка, и ќе добиете помала тегла со сируп.
Пијте сируп два до три пати на ден, по една лажичка и би требало кашлицата полека да почне да се смирува, додека не запре целосно.