Зборувањето со новороденчињата влијае на нивното соодветно формирање на мозокот и интелигенцијата, велат научници во последното истражување на оваа тема објавено во САД . Истражувањето покажало дека родителите треба да разговараат со бебињата така што ќе ги поврзуваат зборовите со нивното значење и соодветната ситуација. така на пример ако им кажат ова е портокал а ова чинија, подоцна треба и да го стават портокалот во чинијата за бебето да го свати контекстот на приказната од родителите и да ја развива интелигенцијата уште на најмала возраст.
Психолози сугерираат дека на бебињата не треба да им се зборува со скратеници или само по еден збор туку сложени реченици како што разговараат и возрасните.
Истражувањето било презентирано на состанокот на експерти на Американската асоцијација за унапредување на науката. На средбата, експерти разговарале за придобивките од предучилишното образование .
Тие препорачале истото да почнува од три наместо четири години.
Научниците веќе направиле тестови и ангажирале заинтересирани мајки да поминат осумнеделен курс. Оние мајки кои ја поминале обуката многу подобро комуницирале со нивните деца што подоцна влијаело и на развојот на интелегенцијата.