Како да ја стимулирате работата на вашиот метаболизам

За да не морате да се грижите околу калориите

Како што старееме функциите на нашиот метаболизам полека ослабуваат. Но, постојат начини кои може да го ревитализираат и да ја забрзаат работата на метаболизмот за вие да не  морате да се грижите околу калориите.

Во продолжение ви откриваме неколку начини како да ги решите вашите проблеми со варењето на храната и како да ја стимулирате работата на метаболизмот.

Според најновите истражувања вие може да контролирате само 30% од работата на вашиот метаболизам. „Мрзливиот“ метаболизам е  главниот виновник и за покачувањето на телесната тежина кај многу луѓе но тоа повлекува и покачување на масти во крвта, холестерол, шеќер кои негативно влијаат врз здравјето на луѓето. Меѓутоа истражувачите сметаат дека со правилна исхрана сето тоа може да се избегне или во крајна мерка намали.

Мерете ги вашите оброци За да успеете да ја зголемите работата на метаболизмот, треба да знаете колку калории дневно ви се потребни за активно да функционирате. Умерено активни девојки и жени во 20-тите години треба дневно да внесуваат помеѓу 2000 до 2200 калории, дамите во 30-тите и 40-тите години не смеат да внесат повеќе од 2000 калории, а за возрасните госпоѓи кои се на границата на 50-тите 1800 калории се сосема доволни за да функционирате беспрекорно во текот на денот. Ова се статистички податоци кои ја потврдуваат ефикасноста во поглед на забрзување на работата на метаболизмот, но и во поглед на задржувањето на телесната тежина.

Ресетирајте го вашиот часовник на исхрана Со години експертите советуваат дека земањето на помали оброци, почесто во текот на денот е начин на исхрана која е од суштинско значење за побрз метаболизам. Неодамнешните студии само го потврдија овој факт. Земањето на три големи оброци во текот на денот само го преоптоваруваат желудникот и тој не може наеднаш да ја свари целата храна која во еден одреден момент ќе му се натрупа. Докторите велат дека треба да си направите распоред на шест дневни оброци кои секако ќе ја задоволат вашата желба за глад но и ќе ја отфрлат „старата навика“ на прејадување. Можеби порано сте биле разочарани од диети кон кои сте се придржувале, а сте имале негативни резултати. Морате да знаете дека ова не е диета, ова е само здрав начин за воспоставување баланс во однос на исхраната преку кој ќе имате можност да ја регулирате телесната тежина, вашиот метаболизам ќе работи одлично и ќе се поштедите од здравствени проблеми.

калорииметаболизамубрзате