1.Во еден пластичен сад ставете топла вода и во неа додајте една шолја шампон за бебе.
2.Маицата или кој било друг дел од облеката ставете да отстои во таа вода, а повремено нежно тријте ја за влакната од ткаенината да се опуштат.
3.По половина час – час извадете ја маицата од водата, но без да ја исцедите, туку само благо стиснете ја да излезе вишокот вода.
4.На рамна површина раширете еден пешкир и на него ставете ја маицата, па потоа свиткајте го пешкирот за да го впие вишокот влага.
5.Оставете така да отстои 20-тина минути, а потоа одвиткајте го пешкирот.
6.Раширете нов, сув пешкир и на него нежно ставете истегнете ја маицата до каде што можете.
7.Оставете ја маицата да се исуши на пешкирот, а ако не сте задоволни со резултатот, повторете ја постапката.