Со помош на многу едноставен трик кој вклучува коцка мраз, лесно ќе се ослободите од забоболката додека стасате до вашиот стоматолог.
Истражување спроведено во Канада во 80-тите години покажало дека од забоболката е возможно да се ослободите или барем да ја намалите без воопшто да ја отварате устата.
Се што ви е потребно е коцка мраз која ќе ја ставите помеѓу палецот и показалецот и лесно ќе триете со неа на тоа подрачје од дланката 5 до 7 минути.
Баш тоа подрачје на дланката е место на кое се наоѓаат нервните завршетоци кои се поврзани со центарот за болка во мозокот кој го контролира степенот на болката во рацете и главата.
Триењето со мраз ги блокира тие центри, а 90% од испитаниците кои учествувале во истражувањето потврдиле дека таквата техника им ја намалила болката.