Мандарините се прилично слатки, имаат малку шеќер. Овие плодови воглавно се состојат од вода, така да се ниско калорични. Калориската вредност на мандарините е 53 kcal на 100 грама.
Во нив се наоѓа супстанцата нобилиетин, која спречува депозиција на масти на внатрешните органи, со што се стимулира експресијата на гените и се забрзува метаболизамот.
Мени за еден ден:
Појадок: 1 мандарина со шолја зелен чај
Ужина: 1 готвено јајце и 3 мандарини.
Ручек: 150 г готвено пилешко, шолја чај, 1 мандарина
Вечера: Билна супа, парче готвена риба, 1 мандарина
Пред легнување: јогурт
Оваа диета не смеете да ја применувате ако имате:
чир на желудник
колитис
гастритис
холециститис
ентеритис
зголемена киселина на желудникот.