Како да го забрзате метаболизмот?

Комбинација од цимет и мед

Циметот и медот се две намирници кои секојдневно се користат во кујната, а притоа се многу вкусни во секоја комбинација. Токму со овие две намирници, на многу лесен и брз начин можете да го забрзате метаболизмот и да се чувствувате многу полесно. Не очекувајте тие преку ноќ да ви дадат резултати, но со редовна примена во исхраната, многу набрзо ќе ги забележите сите резултати.

Медот содржи мноштво ензими, антиоксиданси и хранливи состојки кои се неопходни за нашето здравје, додека циметот најмногу е познат како една од главните состојки на омилените десерти, но има и многу поголема и поважна примена од таа.

Научно е докажано дека истиот го забрзува метаболизмот, го намалува холестеролот и го регулира шеќерот. Секогаш кога имате можност, купувајте го во продавниците за здрава исхрана или пак на местата каде знаете дека е свеж и природен.

 

Одвојте малку време и направете го овој вкусен напиток кој во себе има неверојатни хранливи состојки!

-Во еден длабок сад ставете половина лажичка цимет во прав и прелијте го со една мала шолја врела вода и оставете да се олади неколку минути. По некое време, додајте и една лажичка мед и добро измешајте.

-Начин на консумирање

Наутро: Кога ќе се разбудите наутро, испијте го напитокот па после половина час, можете да почнете со дневната рутина. Истиот ќе ви помогне при варењето на храната, ќе го забрза метаболизмот и ќе ви даде дополнителна енергија.

Помеѓу оброк: Ако сакате да ги намалите килограмите, пожелно е да го консумирате овој напиток помеѓу оброците, бидејќи тогаш најчесто посегаме по непотребни „грицки“ или слатки. Циметот ќе ви го намали апетитот и ќе го регулира нивото на шеќер во крвта, така што полесно ќе издржите до следниот оброк.

медметаболизамцимет