За да го спречите нивното настанување или пак да ја намалите видливоста на брчките, ние ви нудиме неколку совети:
- Оставете ги цигарите
Цигарите се лоши за кожата од две причини: прво никотинот влијае на еластичноста на кожата и второ, мимиките кои ги правите при вовлекувањето на чадот предизвикуваат брчки околу устата.
- Набавете крема со колаген
Кремите со колаген се ефикасни во борбата против брчките, а со оглед на фактот дека се поскапи од хидратантните креми, се исплатува да вложите во крема која ќе ја одржи вашата кожа витална.
- Користете креми со заштитен фактор
Сонцето е еден од најголемите непријатели на кожата, па дури и за обично излегување во град, користете крема со заштитен фактор.
- Правете вежби за лицето
Додека ја гледате омилената серија или филм, правете вежби за лицето кои ќе ги зацврстат мускулите и ќе го вратат тонусот.