Како да го намалите ризикот од рак

Ранобудните жени имаат помал ризик од рак на дојка

Покрај тоа што се повити, посреќни и општо поздрави во споредба со оние кои стануваат подоцна, жените кои се будат рано имаат и помал ризик за појава на рак на дојка.

Едно најново истражување покажа дека жените кои лесно се будат наутро и рано го почнуваат денот имаат помал ризик во споредба со оние кои стануваат доцна.

Меѓутоа, експертите сепак предупредуваат дека има други поважни фактори што придонесуваат за појава на рак на дојка како пиењето алкохол и прекумерната тежина.

Истражувањето исто така покажа дека спиењето повеќе од 7-8 часа ноќе благо го зголемува ризикот од рак на дојка.

„Важно е да се напомене дека овие сознанија не укажуваат на тоа дека промената на навиките на спиење може да придонесат за намалување на ризикот од рак на дојка“, нагласува доктор Лука Мањани, истражувач во Одделението за хирургија и рак на Империјал колеџ во Лондон.

дојкаракризик