Експертите објаснуваат дека есенцијалните масла имаат големо влијание на секојдневниот живот. Тие може да го подобрат расположението, да помогнат во опуштање и концентрација и исто така да помогнат и во намалување на килограмите.
Се препорачува со себе да носите масло од грејпфрут и три до пет пати длабоко да вдишете, околу шест пати дневно за да го регулирате апетитот.
Грејпфрутот е познат по тоа што има низок гликохемиски индекс и содржи влакна кои во организмот потешко се варат, па со самото тоа подолго време се чувствуваме сити.
Треба, меѓутоа, да се има на ум дека ова може да биде само помошно средство, бидејќи на долг период организмот ќе се адаптира и ќе престане да реагира на одреден мирис. Кога организмот ќе се навикне на мирисот на грејпфрут, обидете се со мирис на маслиново масло.
Физичката активност и соодветната исхрана се и понатаму се клучни фактори ако сакате да ослабнете. Ароматерапијата може да ви помогне во тоа што може да ги ублажи нападите на глад.