Како да ги намалите темните подочници?

Неколку интересни совети

Темните подочници се чест проблем и на мажите и на жените. Причини за настанувањето на „темните кругови“ што визуелно ни го стареат ликот се многубројни.

Сепак, меѓу најчестите се наведуваат следните:

-Зголемување на темниот пигмент меланин, кој е одговорен за темните кругови околу очите

-Губење на масните ткива под очите што природно исчезнува во текот на годините.

-Ослабена циркулација и застој на крвта во малите вени во подрачје на очните капаци, што е главен проблем за овој проблем.

-Животните навики како претерана консумација на кофеин и никотин.

Но, кога веќе се тука, што можете самите да направите, а да ги намалите?

-Доволно сон е најдобриот лек за оваа проблематика, без оглед на причинителот. Во текот на спиењето организмот самостојно ја подобрува состојбата која настанала околу очите.

-Избегнувајте алкохол и никотин, зашто нивната претерана употреба предизвикува дехидрација на кожата што темните кругови ги прави уште поинтензивни.

-Кремите што содржат ретинол, хидрохинон,зелен чај, витамин Ц, можат да помогнат во отстранување на темните кругови. За да се постигне подобар ефект потребно е да избегнувате силно сонце и да користите креми со заштитен фактор.

-Витамин К и ментол. Користењето производи за нега на кожа со додатоци на овие состојки може да се постигнат задоволувачки резултати.

-Коректорот за покривање на темните подочници мора да биде нијанса посветол од остатокот од кожата на лицето. Најдобри се коректорите што содржат заштитен фактор, ако кожата ви е масна и склона на акни треба да користите безуљени.

подочницисоветицрни