Как да направите маска за совшрено лице од само едно јајце?

Рецепт за маска со јајце против митсери и акни

Заборавете на црните точки и акните на лицето со една лесна маска, за чија подготовка ви е потребно само едно свежо јајце.

Земете свежо пилешко јајце, ако е домашно уште подобро. Скршете го и одвојте ги жолчките и белката. Однапред исчистете го вашето лице и потоа намачкајте го внимателно со белката,внимавајте на очите. Земете салфетка и направете дупки за околу очите и устата. Залепете ја на лицето. Оставете половина час. Одлепете ја салфетката и ја тргнете ја внимателно.

Таа се стврнала и тргањето на маската ќе биде лесно. Следува миење на лицето со млака вода, потоа убаво избришете го. Сега ставате и жолчката која ја одвоивте. Оставате ја да дејствува, но овој пат само 10 минути. Повторно измијте го лицето со млака вода и избришете се. Маската со јајце може да ја правите еднаш неделно. Таа не се препорачува на луѓе со силно чувствителна кожа.

јајцелицемаска