Кај пушач фрактурите потешко зараснуваат!

Пушењето може да го забави лекувањето при скршеница на коски, покажува истражување на група американски научници.

Тоа е причина повеќе да не се користи тутун. Просечно се проценува дека на пушач му се потребни 30 недели за целосно да заздрави од фрактурата, додека на лицето кое не пуши му се потребни само 24 недели. Тоа е огромна разлика.

Со подолгото време за целосно заздравување, кај пушачот се јавува и двојно поголема опасност од појава на компликации поврзани со фрактурата.

Ова се две одлични причини за откажување од цигари.

зараснувањеопасностпопуларнопушачскршеница