Кафето содржи еден многу важен витамин, еве кој

Една од вашите секојдневни омилени навики всушност може да биде исклучително корисна за вашето здравје.

После водата, кафето е најпопуларниот напиток во светот. Но, освен омилена навика, кафето на нашето тело му нуди многу повеќе.

И, додека можеби знаете дека умереното консумирање кофеин го забрзува метаболизмот, го потиснува апетитот и се поврзува со намалување на телесните масти, она што можеби не сте го знаеле е дека вашиот омилен напиток е здрав избор затоа што содржи витамини, како и антиоксиданти.

Витамин Б2 или рибофлавин

Витаминот Б2 е вреден витамин од групата Б комплекс. Сите витамини можат да се поделат во две основни категории поради тоа што се растворливи во вода или растворливи во масти.

Витаминот Б2 е растворлив во вода и се транспортира преку крвта. Рибофлавинот е основен „блок“ на два ензими кои имаат важна улога во произведувањето енергија. Покрај тоа, учествува во правилното функционирање на клетките, растот и метаболизмот.

Витаминот Б2 природно се наоѓа во некои намирници, вештачки се додава во другите производи и природно може да се консумира како додаток. Секоја шолја кафе има импресивни 11 отсто дневна препорачана доза на витаминот Б2.

Покрај витаминот Б2, вашето омилено кафе е богато со минерали како што се калиум и манган и антиоксиданти. Единствената работа на која мора да внимавате е количината која ја консумирате. Значи, доколку пиете до 400 грама дневно, тој е еден од најздравите напитоци којшто може да го консумирате.

Кому не му се препорачува кафе?

Консумирањето кофеин во рамките на препорака кај здравите возрасни лица нема негативен ефект на здравјето. Истражувањата дури го поврзале секојдневното консумирање кафе со подобро здравје на срцето и долговечност. Но, доколку припаѓате во чувствителна категорија луѓе, доколку сте бремени или доите, имате коронарна болест или чир на желудник тогаш секогаш постои опција да се засладите со бескофеинско кафе.