Зимзеленото дрво ја симболизира долговечноста и пријателството. Според сертифицираните фенгшуи практиканти, триаголниот облик на новогодишната елка се смета за симбол на оган, а најдоброто место за овој симбол е во просторијата што го зафаќа горниот лев агол на вашата куќа. Овој простор се смета за „површина на богатството”, а триаголни облици и предмети изработени од дрво се особено силни. Ставањето на елка на ова место ќе привлече богатство и просперитет во вашиот дом.
Исто така, добри места за Новогодишни елки главно се сите агли на вашиот дом или централниот дел од куќата, каде што енергијата ќе се стабилизира за време на овој „зафатен“ дел од годината.
Во случај елката да сте ја поставиле на север, украсете ја со стаклени декорации во сина, бела, сребрена и златна боја.
Елката на западната или северозападната страна би требало да биде во бели, сребрени, златни и жолти тонови, а никако не во црвени.
Во случај елаката да се наоѓа на југозападната или североисточната страна на вашиот дом, поволно е декорацијата да е во жолти и црвени тонови и многу керамички украси, додека белата и сребрената боја не се препорачуваат.