Со оглед на тоа дека кај луѓето се зголемила свеста за здравјето многумина почнале да го бараат еликсирот за долговечност со цел да ги продолжат своите животи. Иако нашиот животен век значително се зголемил од пораниот период во историјата, стареењето е неизбежно.
Како што, веројатно, и самите сте забележале, стареењето не влијае на секого на ист начин. Можеби ќе видите луѓе од 40. години кои имаат брчки, но и луѓе од 60. години кои изгледаат како да имаат 40.
Некои луѓе се здрави и полни со енергија дури и со повеќе години, но за некои луѓе стареењето значи соочување со разни здравствени проблеми, дури и ако не се стари. Стареењето е проследено со проблеми со видот, памтењето, остеопорозата, срцевиот удар и други болести…
Меѓутоа, некои студии потврдуваат дека стареењето не е секогаш причина за здравствени проблеми и дека се случуваат повеќе како резултат на одредени генетски предиспозиции, недоволна физичка активност и нездрава исхрана.
Испробјте го јапонскиот рецепт за долговечност и уживајте во неговата магија. Најдобри резултати се постигнуваат кога напитокот се конзумира редовно.
Состојки: половина чаша вода, 1 лажица јаболков оцет, 2 лажици мед, 20 капки масло од лук, половина лажичка ѓумбир во прав, 1 лажичка алое вера.
Подготовка: искомбинирајте ги состојките и пијте го овој еликсир секое утро. Доколку не ви се допаѓа вкусот на лукот или имате проблеми со варењето користете 20 капки глог, а алое верата можете да ја замените со листови коприва.