Јане Нетков нов директор на Клиниката за уво, нос и грло- Не се знае кој ќе раководи со Рендген?

Клиниките за детска хирургија и и уво, нос и грло со нови директори. Сменета е Габриела Копачева Барсова а место неа, со Клиниката за уво, нос и грло ќе раководи Јане Нетков, кој во времето на Таравари беше поставен за менаџер па сменет за неколку часови, со образложение дека бил направен превид.. На  детска хирургија ќе биде доктор Лазар Тодоровиќ, кој досега беше шеф на одделот за детска траума . Тој го наследува доктор Ристо Симеонов кој продолжи да раководи со клиниката и по промената на власта. Сеуште нема конечна одлука кој ќе биде нов менаџер на рендген и ќе ја наследи актуелната директорка Елизабета Стојовска Јовановска која сама побарала да биде повлечена од функцијата. Според информации на samozdravje.mk, на останатите в. д директори на Клиники на кои неделава им истекуваат шестмесечните договори истите ќе им бидат продолжени, а нови директори ќе добијат Очната Клиника, Кардиологија, Стоматолошки клинички и гостиварската болница кои ги раководеа кадри од Алијансата за албанците и поднесоа оставки, но за нивни наследници сеуште се преговара во Владината коалиција.
Инаку во јавноста се шпекулира дека нов директор на Кардиологија ќе биде доктор Жан Зимбаков, а со очната клиника ќе раководи офталмологот Христијан Дума, на стоматологија и во гостиварската болница најверојатно ќе бидат назначени кадри од албанскиот коалиционен партнер.

директориклиникименаџеримзнетков