Јадете костени и бидете здрави

Ништо не е поубаво во есен од мирисот на врели печени костени. Тие ѝ припаѓаат на групата јаткасти плодови, но од своите роднини (ореви, бадеми и лешници) се разликуваат по нискиот процент на масти и високиот процент на скроб и единствени содржат витамин Ц.

Познати се стотици различни видови на костени, но енерално се делат на питоми и диви. Питомите се јадат, а дивите кои за жал не се за јадење, поседуваат лековити својства. Најчесто се споменуваат како помош кај проширени вени и оштетување на капиларите.

витаминдивикостенипитомипопуларно