Јадел од најлутата пиперка во светот и завршил во болница!

Маж кој учествувал на светски натпревар во јадење лути пиперки во Њујорк завршил во болница поради тежок облик на главоболка.

Триесет и четири годишниот маж изел пиперка позната како „Carolina Reaper”, која во 2013 година влезе во Гинисовата книга на рекорди како најлута пиперка во светот.

Мажот бил хоспитализиран откако со денови имал неподнослива главоболка.

Неговиот случај е објавен во магазин како прв кој е поврзан со консуминирање на лути пиперки.

Докторот кој го следел неговиот случај ги предупредува сите кои јадат лути пиперки, доколку почувствуваат слични симптоми да се јават на лекар.

Силните главоболки се предизвикани со изненадно собирање на крвните садови кои мозокот го снабдуваат со крв.

болницалутапиперкапопуларно