Јаболката е здрава, но никако не смеете да ја гризете семката

 

Кои се петте најважни работи кои треба да ги знаете за јаболкото?

1.Едно јаболко на ден и не ви е треба доктор, вели една изрека. Јаболките го намалуваат ризикот од канцер, срцеви болести, дијабетес и астма. Го намалуваат и нивото на холестерол и содржат антиоксиданси.

2. Како да ги одбереме најубавите јаболки? Оние кои се цврсти, со силна боја. Ако сакате слатки – златен делишес.

3. Треба да се чуваат на температура од два до четири степени. Така може да потрајат и до четири месеци со минимален губиток на нутритиви. Во фриждер чувајте ги во долната фиока, а крај нив ставете и влажна крпа за да имаат доволно влага.

4. Може ли се да се претера со јадење јаболки? Претераното јадење носи и вишок килограми, а ја оштетуваат и глеѓта на забите.

5. Дали нивните семки се отровни? Тие содржат амигдалин кој испушта цијанид кој е исклучително опасен, посебно во контакт со дигестивниот тракт. Ако голтнете семка од јаболка, нема проблем, лошо е да ги гризнете семки. Но, за да дојде со несакани последици, треба да изедете многу семки, односно килограми јаболки, што е малку веројатно.

јаболкоотровпопуларносемкастомак