Извадени и се јајниците и матката, ги поминала хемотерапиите го излечила телото. А тогаш ја зболела душата… Девојката е од Скопје која го победи ракот, а деталите ги раскажува во продолжение!
Таа има 27 години. Изгледа како целиот свој живот да го има поминато на планина на свеж воздух. Ведра, убава и насмеана. Тешко кој ќе помисли дека оваа млада девојка пред една година се борела со ракот на јајниците и успеала во борбата, таа е победникот.
Нејзината приказна е потресна и тажна. Во ниту еден момент таа не се откажала. Се борела до крај.
-Отидов кај гинеколог поради силните болки кои ги чувствував во малата карлица. Се дозна дека на двата јајнка имам тумор. Никој не мислеше дека тоа може да биде малигно, бидејќи тогаш имав само 25 години. Се одлучи дека мора се хирушки да се отстрани. За жал после тоа следуваше најстрашното.Кога ми стигна паталошкиот резултат, следуваше шок. Се до тогаш бев убедена дека на мене такво нешто не може да ми се случи, ракажува девојката.
Таа вели дека не и била толку страшна дијагнозата, тука неподносливата мисла дека никогаш нема да може да стане мајка.
-Во понатамошното лекување, мораше да ми се отстранат јајниците и матката. Од самиот почеток верував дека ќе се излечам, само сакав целиот тој процес да го поминам со што помалку последици и ако е воопшто некако можно еден ден да бидам и јас мајка, вели таа.
Одлучила да замрзне своите јајце клетки и јајници.
-Пробав да ја избегнам втората операција, но сфатив дека тоа е неизбежно и сепак морав да ја направам.
За среќа, во најтешките моменти, таа не била сама.
-До себе ја имав огромната поддршка од родителите, од дечкото, пријателите и лекарите. Следуваше втората операција, а после неа и хемотерапијата.
На тој период таа воопшто и не сака да се сеќава.
-Влегов во климакс многу рано. Но, не западнав во депресија. Бев среќна кога почна да ми паѓа косата, бидејќи така знаев дека хемотерапијата ми делува. Дадов се од себе за да ми биде подобро и што побрзо да се заврши.
Секогаш се трудела да има нормален живот, без да дозволи болеста да ја победи.
-Се шетав, се дружев со луѓе. Не сакав да носам перика, си носев марами. Носев постојано обетки. Научив да плетам, за да не се досадувам. Процесот на лечење ми траеше околу една година, а потоа следуваше болното соочување со последиците околу оваа тешка болест.
-Мојот проблем не се заврши со хемотерапијата, туку се продлабочи. И понатаму не успеав да се смирам со тоа дека нема да можам да родам дете. Тогаш одев на разговор со психијатар, кој успеа да ми помогне да прифатам она, што не може да се смени. Начив дека секогаш може да се причина за радост, само понекогаш со повеќе труд.
Девојката после се излегува како победник. Задоволна е со она што го има и како кажува, среќна е.
-Имам сестра, брат, дечко и куче кое не сака најмногу на светот. Моите родители се секогаш тука за мене. Имам и најдобри пријатели со кои поминувам одлични моменти. Мене болеста ми помогна да можам на друг начин да гледам на работите, да делам важно од неважно, да станам малку себична и повеќе да го ценам она што го имам.
Таа денеска ужива во дизајнирање на накит и е во план тоа во иднина да и стане професија.