Женг е 44-годишен човек од Кина, а неодамна завршил во болница поради големи проблеми со бубрезите откако изел 54 големи сладоледи, еден по друг. Сладоледите ги “туркал” со вода. Човекот на 15 јули бил дома кога почувствувал потреба за сладолед. Покасно на лекарите им рекол дека му било многу жешко поради високите температури и посегнал по сладоледот.
Вели дека имал потреба да ги изеде сите сладоледи од замрзнувачот. Потоа бил многу жеден па испил голема количина вода и заминал да спие. Кога се разбудил, почувствувал големи болки во стомакот. Се обидел да го изеде појадокот, но се’ повратил. Болките се влошувале па човекот заминал во болница. Лекарите му дијагностицирале гастроентеритис. По чистење на желудникот, почнале да му откажуваат и бубрезите па морал да прима терапија за подобрување на состојбата.