Синусната инфекција е отекување или воспаление на ткивото кое ги обложува синусите. Тоа се случува кога тие се исполнети со течности и бактерии наместо со воздух.
Вообичаени симптоми на воспаление на синусите се: Главоболки, полн нос, губење на сетилото за мирис. кашлица или гушење, замор, задишување, грозница…
Во продолжените на текстот ќе ви откриеме едноставен лек кој ќе ви помогне ефикасно да ја излечите оваа инфекција. Главната состојка на овој лек е јаболков оцет, кој е полн со витамини, минерали, антиоксиданси и влакна. Јаболковиот оцет ќе ви помогне да го зајакнете имунолошкиот систем и да го подобрите вашето целокупно здравје.
Потребни состојки:
120 милилитри чиста вода за пиење
60 милилитри јаболков оцет
1 лажичка сиров мед
1 лажичка црвен пипер
1 цеден лимон
Подготовка:
Варете ја водата, а потоа ставете ја во шолја. Додајте го јаболковиот оцет во шолјата и измешајте, а пота оставете да се излади на собна температура. Откако ќе се излади, додајте го медот и црвениот пипер и повторно измешајте. На крај, додајте го лимоновиот сок и повторно измешајте.
За најдобри резултати, испијте го ова решение на празен желудник, пред појадокот и доцна навечер, пред одење во кревет.