Иако зелениот чај е несомнено здрав и има детоксикациски ефект врз телото и дејствува како превенција од појава на малигни заболувања , не треба да се пие во големи количини особено не во комбинација со лекови за висок крвен притисок , тврдат јапонски научници .
Тие откриле дека луѓето кои го земаат лекот наладол – бета блокатор и еден од почестите лекови за контрола на крвниот притисок, ангина и аритмија, може да го намалат ефектот на лекот ако редовно пијат зелен чај.
Кај оние кои пиеле зелен чај во крвта имале помала концентрација на лекот и крвниот притисок им останал висок. Научниците веруваат дека причината за овој ефект на зелениот чај е неговото влијание врз клетките кои му помагаат на телото во апсорпцијата на бета-блокаторите. Ова било потврдено и со резултатите од тестовите каде зелениот чај ги блокирал транспортерите на лекот до цревната слузница.
Неодамнешни истражувања покажаа дека некои овошни сокови и овошје вклучувајќи го и грејпфрутот можат да го променат дејството на лековите но тоа не беше познато и за зелениот чај.