Секој има различен вкус и сака да прави различни комбинации во храната, но некогаш тие комбинации не се баш добар избор. Водечките диетолози предупредуваат кои комбинации треба да ги избегнувате, ако сакате здраво да се храните.
Леб и џем
Ова не само што е лоша, туку е и опасна по здравјето комбинација. Тоа се должи на фактот дека при комбинација на овие два производи во организмот се зголемува нивото на шеќер во крвта. Белиот леб има висок гликемиски индекс, кој всушност е показател за тоа колку брзо некој производ може да ја покачи гликозата во крвта. Истото важи и за комбинирање на интегрален леб со џем. Докажано е дека промените на нивото на гликоза во крвта доведува до низа здравствени проблеми кои најчесто лошо се одразуваат на панкреасот. Од друга страна, ова го нарушува нивото на енергија во организмот. Затоа избегнете ја оваа комбинација.
Салата без масло
Можеби звучи чудно, но кога не се додава масло во салатата, а се зачинува со лимон или пак некој прелив, тоа пречи во апсорбирањето голема количина од корисните материи. Докажано е дека полесните каротиноиди не можат да се апсорбираат без додавање масло во салатата и ова не е единствена состојка со која се случува тоа. Ако сте на диета, ставете една-две лажици масло, кое само ќе го подобри нејзиниот вкус и квалитет.
Чај со млеко
Без разлика дали сакате црн или зелен чај, и двата вида се полезни поради содржината на многу антиоксиданси. Имаат голема улога во намалување на воспалителните процеси во организмот. Зелениот чај е покорисен од црниот, бидејќи содржи помалку кофеин. Но, ако во чаевите додадете млеко го намалувате нивниот корисен ефект, бидејќи млечните протеини се врзуваат за полезните антиоксиданси, кои нема да се апсорбираат.