Истражување на ИЈЗ: Во Македонија пушат и деца помали од 10 години

И деца помали од 10 години пушат цигари во Македонија, покажува најновото истражување на Институтот за јавно здравје. Според експертите оваа лоша навика најчесто ја стекнуваат гледајќи ги своите родители или наставници со цигара во рака.

Според добиените резултати од испитувањето на ИЈЗ намален е процентот на тинејџери кои пушат. Лани околу 11 проценти од младите од 13- 15 годишна возраст рекле дека палат цигари. Повеќето од нив се машки.

Според лекарите токму цигарите се причина за многу сериозни болести. Само во Македонија околу 12.000 смртни случаи од кардиоваскуларни заболувања годишно се поврзуваат со употреба на тутун.

болестидецаијзпушењецигари