Исповед на девојка на која нуспојавите од вакцинирањето и го уништиле животот

Ако не се вакцинирав....

Тифани како последица од вакцинација добила Гилиан Бареов синдром (GBS),ретка автоимуна болест која предизвикува одбранбениот механизам на телото да го напаѓа сопствениот нервен систем и предизвикува акутно воспалување што може да доведе до парализа.


Своите здравствени проблеми и борбата со болеста ја открила преку Твитер со намера да им испрати порака на сите противници на вакцинирањето.
„Кога имав 14. години примив вакцина против тетанус и дифтерија. Бидејќи се натпреварував во пливање бев во одлична форма, бев јака и здрава, со неверојатен капацитет на плуќата, а ретко би ’ме фатило нешто’ освен настинка’, опишува таа.
За жал, тоа бргу се променило.

„Раката, после вакцинирањето, ми натече три пати повеќе од нормалната големина. Почнав да имам проблеми со дишењето, мускулите не ми функционираа. Добив воспалување на плуќа и наредните шест месеци останав во кревет. Едвај можев да се помрднам и дишам. За малку ќе умрев. Почнав да се борам со повремена парализа. Дишењето ми беше тешко и болно поради парализата на дијафрагмата која траеше пет години. Мускулите ми атрофираа и морав да бидам во количка“.
Опишала како две години не знаела која и е точната дијагноза додека не се покажало дека добила GBS како нуспојава од вакцината која ја примила.

„Само 30 отсто од пациентите со GBS продолжуваат да ги мачат симптомите и после три години. Само три отсто од нив доживуваат релапс. Јас припаѓам во двете групи. Минаа 14. години откако тоа ми се случи. Ми требаа шест години за да значајно се опоравам. Минатата пролет ми се случи релапс. Многу пати лежев на подот обидувајќи се да дојдам до воздух. Неможев да седам исправено повеќе од пет минути. Сеуште морам да ја користам инвалидската количка, на час или два, ако сакам да одам некаде каде морам да одам“.

„Таа вакцина на многу начини ми го уништи животот. Секогаш ќе имам GBS и сериозни симптоми. Секогаш може да ми се случи нов релапс. Лекарите тука не можат ништо. Нема лек. Ова е моја стварност до крајот на животот. Многумина претпоставуваат дека се противам на вакцинирањето што воопшто не е точно. Голем поборник сум на тоа секоја личност да добие вакцина. Она што мене ми се случи е буквално еден во милион случаи. Да, страдав повеќе отколку што можам да опишам и уште ќе страдам, но јас сум една во милион. Јас припаѓам во статистиката која е неопходна за да мноштвото луѓе бидат здрави. Не постои ништо во модерната медицина што доаѓа без ризик. Не постои ништо во животот што доаѓа без ризик. Јас го разбирам тоа а би требало и останатите. Мора да има луѓе како мене за да мноштвото луѓе останат здрави и сигурни, тоа е реалноста“.

„Ако не се вакцинирате го загрозувате животот на луѓето како мене, оние кои не смеат да се вакцинираат. Играте руски рулет со нашите животи бидејќи стравот ви е еден случај во милион. Тоа е повеќе од себично и нема изговор за тоа“.

вакцинаидевојкаисповед