Инфективна клиника остана без тетанус вакцини и серуми!!

Веќе една недела Клиниката за инфективни болести остана без тетанус вакцини и серум. Пациентите се снаоѓаат како знаат и умеат. Скопјанка вчера попладне наместо да се грижи за повредениот син била во потрага низ аптеките во градот за да најде тетанус вакцина или серум. Нејзиното дете се исекло на раката од оградата во училиштето. Оваа терапија е неопходна за пациенти каснати од куче или со исекотини на телото. Иако синот на Марина е редовно вакциниран согласно календарот за имунизација, матичниот лекар им кажал дека треба вакцина поради сериозноста на повредата.

-Се повреди вчера на оградата во училиштето. Го однесовме во болница таму ја сошија раната а матичната не упати на Инфективна за тетанус вакцина. Немаше, ја барав сегде и од Инфективна прво велат нема потреба, ама матичната кажа мора и јас несакам да ризикувам со здравјето на моето дете, иако е редовно вакцинирано согласно календарот за имунизација и ги примил дитепер вакцините, вели мајката.

Од Инфективна потврдуваат дека немаат тетанус вакцина и серум. Ги потрошиле количините бидејќи имаат зголемен број на пациенти кои имаат потреба од ваква терапија а кај нив доаѓале и од другите градови. Нејасно е што прават пациентите ако не најдат лек во аптека.

Појаснуваат дека во понеделник ќе биде отворањето на понудите од тендерот и за две недели очекуваат да добијат вакцини и серуми.

Инфектолозите велат дека во зависност од повредата, пациентот може да добие и вакцина и серум. Речиси секој ден во полицискиот билтен има по најмалку еден случај на каснат од куче.

инфективнакучесерумтетанусшајка