Има спас за стомачните масти

Бадемите содржат мононезаситени масни киселини и влакна кои имаат директен однос кон полесно отстранување на стомачните масти.

До овој заклучок стигнала група научници истражувачи кои го објавиле истражувањето во Journal of Nutrition , пишува womenshealthmag.com. Нивното истражување утврдува посебна врска меѓу потрошувачката на бадеми и топењето на стомачните масти.

За целите на студијата биле следени случаите на 86 пациенти со прекумерна тежина. Сите тие биле подложени на 12-неделна нискокалорична диета, а сепак пациентите биле поделени во две групи – на едната биле давани секојдневно по 35 грама малку солени бадеми, а на другите – никакви јатки.

Научниците откриле дека групата која консумирала бадеми секој ден успеала да ги  стопи многу брзо и квалитетно наталожените стомачни масти.

Изненадувањето не е толку големо, мислејќи на квалитетите на бадемите и придобивките за здравјето и во слабеењето. Во нив се содржани завидна количина корисни влакна, растителни протеини и мононезаситени масни киселини. Сите тие создаваат чувство на ситост подолго време, штитат од лакомо посегнување кон штетни храна и шеќери и го забрзуваат процесот на топење на масти, особено околу стомакот и половината.

Според истражувањето, оние кои редовно конзумираат бадеми губат со 1% повеќе стомачни масти од сите други во рамките на 12 недели. Почитувањето на долг режим на исхрана, вклучувајќи секојдневен добар оброк со јатки, претежно бадеми, би ја намалил телесната маса и би ги редуцирал стомачните масти значително.

бадемимастипопуларностомак