Има ли спас за ракот на панкреас?

Научници од Универзитетот во Јужна Каролина спровеле студија на глувци кои имаат мутација присутна во 90 случаи на карцином на панкреас, т.н. KRAS, а која покажала дека доволно е животното да има половина помалку од овој протеин кој ја регулира глукозата, за да се успори развојот на карцином на панкреасот во најраниот стадиум.

Се открило дека, кога е присутен во големи количини овој протеин може да ги претвори здравите клетки на панкреасот во потенцијално канцерогени, додека намалената количина го успорува развојот на карциномот и го продолжува животот. Студијата е објавена онлајн во „Proceedings of the National Academy of Science“ и е прва која ја истакнува пресудната улога на овој протеин кај ракот на панкреасот.

„Канцерогените клетки се зависни од големи количини на протеинот GRP78 бидејќи им е потребен за развој и раст. Развојот на лековите кои директно целат на генетската мутација КРАС е голем предизвик и возбудени сме што нашето откритие покажува дека тоа може да води кон сосема нов метод во пристапот на лечењето” – рече Еми Ли, која ја води студијата која прва го клонираше човечкиот протеин GRP78.

Научниците се надеваат дека делумното редуцирање или целосното деактивирање на протеинот GRP78 еден ден може да биде ефективна комплементарна терапија за тој, но и за некои други видови на рак. Ли вели и дека одредена храна и билни чаеви, меѓу кои се зелениот чај и сојата, содржат природни компоненти кои можат да го намалат тој протеин, но дека сепак клучот е во начинот на лечењето.

глувцилекнаучниципанкреаспопуларно