ИЈЗ: Грипот полека стивнува

Во текот на 9-та недела од 2018 година (од 26.02.2018 – 04.03.2018), во Република Македонија пријавен е 2.781 новозаболен од грип или заболувања слични на грип, што е намалување за 35% во споредба со минатата недела кога беа регистрирани 4.258 заболени лица, соопшти Институтот за јавно здравје.

Во однос на минатата сезона која се карактеризираше со ран почеток и пик на активноста, оваа сезона бројот на заболени во 9-та недела е зголемен за 18 пати.

Исто како и во претходните недели, во 9-та недела најголем број заболени – 1.651 се пријавени во најголемата возрасна група од 15-64 години, а највисока инциденца се регистрира кај децата на возраст од 0-4 години.

Оваа недела најголем број заболени лица се пријавени од подрачјето на ЦЈЗ Скопје, а највисока инциденца е регистрирана на подрачјето на ПЕ Кавадарци.

Досега во сезоната 2017/2018 вкупно се пријавени 19.210 случаи со грип.

болнивирусгрипијзслучаи