Ако имате некои од симптомите кои ќе ги наведеме, можеби би требало да ги елиминирате или да го намалите нивното консумирање во период од есен месец и да видите како ќе реагира вашето тело.
Стручњаците наведуваат неколку опасни реакции кои можат да ги предизвикаат доматите.
Рефлукс на киселината
Доматите се кисели и можат да предизвикаат киселини кај луѓето со желудочни проблеми како гастритис и гастроезофагеална рефлуксна болест. Дури и ако сте здрави и јадете премногу домати или сос од домати, може да дојде до чувство на жарење во желудникот.
Проблеми со зглобовите
Јадењето премногу домати може да предизвика болки во зглобовите. Тоа езатоа што доматите содржат алкалоид наречен соланин кој создава калциум во ткивото и неговото таложење може дапредизвика воспаление, болка и отекување на зглобовите.
Проблеми со бубрезите
Како што веќе рековме, доматите доведуваат до таложење на калциум во телото. Освен тоа, додадете го и фактот дека доматите се богати и со нешто што се нарекува оксалат – која ако се консумира премногу, не метаболизира лесно па може дарезултира со бубрежни камчиња. Исто така, бидете свесни за тоа дека доматите се богати со калиум кој може да ја наруши работата на бубрезите.
Синдром на иритабилно црево
Ако страдате од ова, доматите мжат да ги поттикнат симптомите. Тие вклучуваат пролив, болни грчеви, отеченост, гасови и запек. Во овој случај држете се подалеку од кисели намирници како то се доматите и сосот од домати.
Можа да предизвикаат ликопенодермија
Ликопенот е вид на пигмент кој е присутен во доматот и во други намирници. Кога гоконсумирате во вистинската количина, извонреден е за здравјето на срцето. Меѓутоа, ако се консумира премногу тоа може да доведе до засилена пигментација на кожата позната како ликопенодермија.
Урнарни проблеми
Храната што содржи висока количина киселина како доатите може да го иритира меурот. Ако страдате од инконтиненција или сте склони кон уринарни проблеми, најдобро е да ги избегавате или да го намалите внесувањет на овој вид на храна . Готвењето на доматите во овој случај не помага, а производите како сос од домати и кечаш се уште попроблематични.