Барбика, кола, бетмен, ранец, книги… Ова се дел од новогодишните желби на тешко болните деца кои се на лекување на одделите за онкологија и хематологија на Клиниката за Детски болести. Коалицијата боите на животот втора година по ред преку социјалните мрежи ја организира акцијата “Биди и ти нечиј Дедо Мраз бидејќи празниците се за секого!”
-Оваа листа на играчки е направена по претходна консултација за желбите на децата кои се наоѓаат на лекување на Клиниката за детски болести, изјави за Сител Билјана Пешева од Коалицијата боите на животот.
Само викендот од кога почна хуманата акција над 100 граѓани пројавиле интерес да донираат играчки и здрава храна за децата кои новогодишните празници ќе ги поминат во болница. И годинава донациите лично ќе им бидат предадени на најмалите пациенти.
-Минатата година бевме маскирани како дедо мраз и кога ги дониравме пачетите со разновидни играчки децата навистина беа пресреќни, додаде Пешева.
Оваа хумана акција ќе трае до 14 декември, а сите заинтересирани кои сакаат да донираат информации можат да добијат на Фејсбук страната на Коалицијата боите на животот.