Храната богата со калиум штити од мозочен удар!

Храната богата со калиум го намалува ризикот од мозочен удар. До оваа теорија дошле истражувачите од Империјал колеџот во Лондон. Според нив тоа се постигнува ако повеќе се јаде овошје и зеленчук кои изобилуваат со калиум. Со тоа и намалувањето на внесувањето на солта беше поврзано со дополнителното намалување на ризикот за мозочен удар.

На темел на новите наоди, Светската здравствена организација (СЗО) ги издаде првите препораки за дневниот внес на калиум – возрасните лица дневно треба да внесуваат четири грама или 90-100 милимоли калиум.Во истражувањето се користени податоци собрани за потребите на 33 претходно спроведени студии во кои биле вклучени 128.000 здрави испитаници.
Се покажало дека зголемувањето на конзумацијата на калиум по пат на исхрана за 3-4 грама дневно е поврзано со намалување на крвниот притисок и просечно 24-процентно намалување на ризикот за мозочен удар.

калиуммозочен ударсзохрана