Храна што има неограничен рок на траење

Не се фрла никогаш

Во денешно време, кога станува збор за храна, сите сме многу внимателни околу датумот на намирниците. При купување посебно внимание посветуваме на рокот на траење и на амбалажата. Често, рокот на траење на намирниците знае да не збуни.

Но, некои артикли не се расипуваат никогаш.

Сол

 

Солта не се расипува и засекогаш останува свежа исто како што била оној ден кога сте ја купиле.

Шеќер

 

Шеќерот не е проблем да остане свеж, туку главен проблем е да се спречи да не стане тврд како камен. Шеќерот никогаш нема да се расипе бидејќи не развива бактерии. Треба само да биде подалеку од влага и од инсекти.

Мед

 

Медот има неограничен рок на траење. Може да ја смени бојата или да кристализира, но и понатаму ќе биде добар за јадење. Ако медот кристализира, ставете ја теглата во топла вода и мешајте додека не се растопат кристалите.

роктраењехрана