Храна од која може да добиете смртоносна бактерија

Трудниците и децата се најзагрозени

Австралискиот портал „News“ пренесува дека двајца луѓе починале откако се заразиле со бактеријата листерија.

Подоцна било воочено дека таа бактерија била добиена поради консумирање на чаден лосос.

Доколку имате труење од бактеријата листерија на почетокот таа дава симптоми, а тоа е грипот. Заразениот човек добива грозница, болки во мускулите, мачнини, а понекогаш и диареа.

Бидејќи труењето било предизвикано од сиров лосос, од Одделението за здравје порачуваат да се зголеми контролата на храна која може да ги зарази луѓето со бактеријата листерија, а тоа се сирови школки, суши, лосос…

Намирници кои можат да бидат заразени од оваа бактерија се: ладни јадења од месо, паштета, меки сирења и спакувани салати.

Листерија е особено опасна по трудниците и штотуку родените деца и луѓето со слаб имунитет.

бактеријасмртоноснахрана